И култните „Симпсонови“ на удар, бели актери нема да позајмуваат гласови на црномурести ликови


САД- Белите актери во „Симпсонови“ повеќе нема да бидат ангажирани за гласови на ликови од друго етничко потекло, објавија продуцентите на серијата.

Хумористичната цртана серија, која се емитува на каналот Фокс, веќе неколку години е на мета на критика поради тоа што белиот актер Хенк Азарија го позајмува гласот на Индиецот Апу.

Азарија на почетокот на годината најави дека се откажува од таа улога, а и актерката Кристен Бел нема да позајмува глас на ликови од друго етничко потекло.

Забавната индустрија  е под огромен притисок да им даде поголем простор на луѓето кои не се припадници на белата раса.

Веста е објавена во екот на протестот Црните животи се важни, кои се проширија низ светот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25. мај годинава.

Азарија во јануари изјави дека повеќе нема да го позајмува гласот на идискиот сопственик на маркет Апу Нахасапимапетилон, лик што го толкуваше од неговото настанување во 1990 година.

Серијата е сатиричен опис на животот на работничката класа, олицетворена од семејството Симпсон, која се состои од Хомер, Мардж, Барт, Лиза и Меги. Шоуто е поставено во измислениот град Спрингфилд и пародира американската култура и општество, телевизија и човечката состојба.