И кавадаречката администрација со 2.806 денари повисока плата


 
На средбата присуствуваа и Секретарот на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, како и  претседателите на СГИП и СИЕР, Иван Пешевски и Игор Ѓерасов.
-Јанчев и Димовски се согласија дека за да се исполни ова ќе бидат формирани нови синдикални организации како во Општина Кавадарци каде што ќе се склучи колективен договор со УПОЗ така и спогодби во Јавните претпријатија со Синдикатот СУТКОЗ. Претседателот на ССМ Димовски и секретарот на УПОЗ Трипуноски изразија задоволство од постигнатите решенија и од пристапот на градоначалникот Јанчев со што докажува дека е општествено одговорна општина која се залага за унапредување на работничките права, соопштуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.
Со постигнатата согласност, а со потишување на нов Колективен договор за вработените во Општина Кавадарци и спогодбите во Јавните претпријатија ЈП „Комуналец“, ЈП за јавни паркиралишта „Паркинг“ и спортска сала „Јасмин“ ќе се зголемат платите за 2.806 денари.
-Примерот на Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев кои се пример на другите полиња, станува најдобриот пример за почитување на работнички права кој треба да го следат и останатите општини, со оглед на фактот што се обезбеди ова право на работниците по пат на социјален дијалог, а работниците ќе ги уживаат правата за зголемување и усогласување на нивните плати согласно порастот на минималната плата за 2806 денари, велат од ССМ