И Јапонија ќе ги повлече парите за СЗО


Премиерот на Јапонија Шинзо Абе изјавил дека околу Светската здравствена организации има „прашалници“ и дека тој ќе го преиспита исто така финансиското учество на неговата земја во оваа организација.

Ваквото преиспитување, што практично е најава за неплаќање на придонесот во СЗО, тој го најави сепак за после пандемијата.

По САД, Јапонија е втора земја која на ваков начин ја казнува СЗО, откако претседателот Доналд Трамп го обвини раководството на оваа организација дека потклекнало пред Кина, и место да ги штити интересите на тие кои најмногу го финансираат, им помогнало на Кинезите да ги сокријат вистинските димензии на епидемијата.

Во САД  и во светот одлуката на Трамп да ги повлече стотиците милиони придонеси за СЗО наиде на големи критики, бидејќи се верува дека зад тоа актуелната администрација ја крие неспособноста да се справи со епидемијата, откако САД се најде на врвот по заболени во светот.