И Јанушев го вклучи Ѓорге Иванов во кампањата


Игор Јанушев, носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, денеска во Сокачето на поезијата пред родната куќа на Рацин потсети дека поетот бил носител на авангардата и револуционерната идеја, се борел за македонштината, за Македонецот за сопствена држава, и порача дека токму тоа преку оваа кампања и ВМРО–ДПМНЕ им го нуди на граѓаните.

„Како велешани сме горди што денеска бевме во домот на Коста Солев Рацин. Покрај сѐ она што го планираме во инфраструктурата, земјоделието, економијата и финансиите, здравството, образованието и се останато, еден од главните мотиви, а што ќе биде во фокусот после формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде враќање на гордоста на Македонецот и враќање на македонското национално достоинство“, порача Јанушев од родниот Велес.

Куќата на Рацин, Јанушев ја посети заедно со поранешниот претседател Ѓорге Иванов со својот тим и кандидатите за пратеници од ИЕ 3, Здравковски и Нацков.