И идната година ќе има субвенции за ПВЦ прозорци и за печки на пелети


Во Буџетот за наредната година повторно ќе се предвидат средства за субвенции за енергетска ефикасност кои годинава беа пренаменети со владините уредби заради корона кризата, рече денес на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Станува збор за субвенции за ПВЦ прозорци, за печки на пелети и за сончеви колекторикои ќе може да се користат и во 2021 година.

„Веќе сме во преговори со Министерството за финансии, предвидени се средства за такви мерки преку програмата за енергетска ефикасност. Сите мерки од 2019 година се предвидени и ќе се реализираат. Тргнувајќи од ПВЦ прозорци, печки на пелети, инвертери… Ќе ги презентираме сите во моментот кога ќе се усвои буџетот“, рече министерот Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања.