И Хрватите ќе прават партија во Македонија, ветер во грб им даваат Бугарија и ВМРО-ДПМНЕ


Македонија ќе добие уште една етничка партија – на Хрватите – кои според последниот попис бројат околу 2.100 лица во државава. Она што е интересно е дека на нејзината промоција ќе присуствува заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ и бугарскиот амбасадор  Жељаско Радуков со заменикот. Своја пак промоција на настанот ќе има кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, покрај како што се најавува – други претставници од политичкиот и дипломатскиот кор во Македонија и Хрватска.

Практично испаѓа дека Бугарија и е ветер во грб на Хрватска во поделбите на населението по етничка основа, уште повеќе што формирањето на партијата на Хрватите се промовира директно од хрватската држава. Друга тема е што бара ВМРО-ДПМНЕ на настан кој  и дава за право на Бугарија да спонзорира бугарски партии и да се меша политички во внатрешните работи на Македонија, за да преку Бугарите да бара остварување на своите интереси. Клучно прашање пак е како се ускладија интересите на ВМРО-ДПМНЕ со тие на бугарските дипломати  додека ја држат во залижниѓто цела Македонија одбивајќи да ги внесат Бугарите во Уставот. 

Инаку Јована Мојсоска, кандидат на Левица за градоначалник на Струга, во интервју за Фокус порача дека нивната платформа предвидува укинување на етничките партии, затоа што во едно современо општество борбата треба да се води преку соочување на идеи и програми, а не преку борба на етнички гласови, која се докажа дека само го уназадува и сегрерира македонското општество.“Очигледно Уставот кој требаше да го брани македонскиот карактер на државата само ја подели по етнички линии, без да се гледа крај на тоа.