И Горан Пандев се вакцинираше


Фото: Б. Грданоски

Горан Пандев кој ја предводеше фудбалската репрезенттација на Македонија на дебитантскиот настап на Европските првенства, се вакцинираше против коронавирус.

Пандев на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со која ги информира фановите дека се вакцинираше.

фото: Индтаграм/goranpadev19

На Пандев кој по Евро 2020 се прости од репрезентацијата, претстојната сезона ќе му биде последна во фантастичната кариера. Тој во новата сезона ќе го носи дресот на Џенова во Серија А.