И Горан Иванишевиќ позитивен на корона вирус


Легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, актуелен тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, е позитивен на корона вирус.

Тренерот на Ѓоковиќ денеска потврди дека неговиот трет тест на корона е позитивен.

„За жал, по два негативни теста во последните 10 дена, пред малку ги дознав резултатите од денешниот тест, третиот тест е позитивен на Ковид-19. Се чувствувам добро и немам никакви симтоми. Сакам да ги информирам сите кои биле во контакт со мене дека сум позитивен на Ковид и би ги замолил да ги преземат сите потребни мерки за заштита на себе и своите најблиски. Јас само ја продолжувам претходно започнатата самоизолација. На сите заразени им посакувам што побрзо да се опорават“, напиша на социјалните мрежи Горан Иванишевиќ.

Легендарниот ас е нова „жртва“ на „Адриа турнирот“ во Задар.