И финската премиерка го напушта Самитот на ЕУ поради Ковид 19


Финската Влада соопшти дека премиерката Сана Марин го напуштила Самитот на ЕУ за да оди во изолација, откако било утврдено дека имала контакт со лице заразено со коронавирус.

„Информирани сме дека премиерката Марин била во иста просторија со пратеник кој има позитивен тест за Ковид-19 при заедничкото сослушување на Големиот комитет и Комитетот за надворешни работи на Кабинетот, како и на други места во просториите на Парламентот“, наведува прес службата на финската Влада.

Поради оваа причина, таа веднаш го напушти состанокот на Европскиот совет и побара од шведскиот премиер Стефан Лофвен да ја претставува Финска на остатокот од средбата.

Премиерката веднаш ќе се врати во Финска, каде ќе биде тестирана за Ковид-19, по што ќе оди во самоизолација.