И Џорџ Клуни во кавга со Виктор Орбан


Актерот изјави дека владата во Будимпешта е пример за глобалниот „гнев и омраза“

 

Холивудскиот актер Џорџ Клуни се најде во кавга со унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако ја критикуваше владата во Будимпешта како пример за „гневот и омразата“ што се гледа низ целиот свет.

Во интервју за GQ објавено на интернет минатата недела, Клуни зборуваше за снимањето на неговиот претстоен научно-фантастичен филм „Полноќно небо“, во кој тој игра научник во пост-апокалиптичен свет.

„Ние не бевме во средина на пандемија кога се случи тоа, но сè уште ги имаше сите други елементи, знаете, овие елементи за тоа колку омраза и гнев чувствувавме во овој момент од нашата историја, насекаде во светот. Одете кај [Жаир] Болсонаро во Бразил или Орбан во Унгарија или погледнете наоколу: многу гнев и омраза“, рече Клуни, кој е оженет со адвокатката за човекови права Амал Клуни.

Владата на Орбан сега возврати, објави Ројтерс во вторникот, нарекувајќи ги „глупави“ коментарите на Клуни.

„Џорџ Клуни е добар актер, за тоа заслужува почит, но … никој не треба да се однесува како глобален политички проповедник“, изјави портпаролот за надворешни работи Тамаш Менцер за про-Орбан новинскиот канал ХирТВ доцна во понеделникот. „Има луѓе кои шепотат во неговите уши“.

Владиниот портпарол Орш Фаркаш исто така го обвини актерот за изразување на про-имиграциската порака на американскиот либерален филантроп и милијардер роден во Унгарија Џорџ Сорос – редовна цел на владата на Орбан.

Во изјавата Клуни преку агент, споделена со унгарскиот медиум Телекс, рече дека „пропагандата машина на Орбан лаже, точка “, додавајќи дека само еднаш се сретнал со Сорос и дека би бил „засрамен“ ако не проговори јавно против „авторитаризмот“.

Клуни рече дека ја посетил Унгарија во раните 2000-ти и смета дека во тој момент земјата беше „сјаен пример“ за демократски успех по падот на Советскиот Сојуз. „Со нетрпение го чекам денот кога Унгарија ќе го прегрне тоа што беше некогаш“.