Веле Самак, Никола Поповски (поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ), Игор Ивановски, Ванчо Узунов, Дарко Лазаров (член на ВМРО-ДПМНЕ) се исто така во тимот што ќе го советува вицепремиерот Фатмир Битиќи во рамките на иницијативата „За татковината со љубов“. Иако Битиќи најави дека станува збор за советодавно експертско и повеќепартиско тело, откритието дека меѓу нив се и вицепремиерот во владата на Никола Груевски, Владимир Пешевски, и министерот за финансии Кирил Миновски, предизвика изненадување во јавноста. Според информации на други медиуми во иницијативата се вклучени и професорите Марјан Петрески, Благица Петреска, Никица Мојсовска, Олимпија Христова-Заева и Горан Рафајловски.
Првиот состанок на ова неформално тело се одржа 3 декември, при што на онлајн средбата учествуваа стопанственици, универзитетски професори, економски експерти, претставници на невладини организации, како и поранешни министри, без оглед на политичката ориентација, родовата или етничка припадност. Засега не е соопштено дали оваа активност се хонорира или баш е заради љубов кон татковината.
Владимир Пешевски е обвинет во случајот Траекторија на Специјалното јавно обвинителство за земање провизии за изградба на „кинеските автопати“. Веста предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи: