И денеска продолжува лажната понуда за откуп на изгубен багаж на Скопскиот аердором


„До нас дојде информација дека извесна Фејсбук-страница која се претставува како да е скопскиот аеродром шири невистинити информации во јавноста за извесна продажба на изгубен багаж“, се вели во објавата од ТАВ Македонија.

Како сериозен бизнис и општествено одговорна компанија, ТАВ Македонија ве известува дека страницата со име: “Alexander the Great Airport” лажно се претставува, шири лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж и со овие невистини нанесува штета на угледот на ТАВ Македонија и на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Поради ова, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки со цел да го заштити својот углед. Ние сме одговорна компанија која се грижи за своите клиенти – авиокомпаниите и патниците. Во аеродромскиот бизнис никогаш не се тргува со изгубениот багаж, туку тој им се враќа на сопствениците по регуларната постапка за изгубен багаж.

Единствената Фејсбук-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје, управувана од ТАВ Македонија, е оваа страница: “Skopje International Airport-SKP”, како и страниците со истото име на Инстаграм и Твитер (X). Сите други страници на социјалните мрежи кои што можеби ќе ги сретнете лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот Аеродром Скопје и нашата дејност.”

Денеска продолжува лажната понуда, па како спонзорирана се појавува на Фејсбук профилите на корисниците.