И денеска помали бројки на заразени во Србија


 

Во Србија до последните пресек потврдени се уште 2.068 новозаболени од Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа уште 32 пациенти.

Досега се тестирани 3.766.407 граѓани, а во последните 24 часа 11.555.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор се 209 лица, а во болница вкупно се лекуваат 5.699 пациенти.