И целосно вакцинираните го пренесуваат вирусот по домовите, покажува новата студија


Домаќинствата се наважното место за пренесување на вирусот и тука не игра улога статусот на вакцинацијата

 

Луѓето кои се целосно вакцинирани против ковид, а сепак се инфицирани со вирусот се исто толку заразни за другите во нивното домаќинство како и заразените невакцинирани луѓе, сугерира ново истражување.

Домаќинствата се клучен амбиент за пренос на инфекции со ковид со чест продолжен дневен контакт со заразено лице, пишува „Гардијан“.

Сепак, прашањата остануваат – вклучително и вистинската пропорција на контакти во домаќинството кои се заразиле од почетен случај, времетраењето на нивната инфекција и влијанието на вакцинацијата врз ризикот од пренесување на вирусот и можноста за зараза.

Сега една студија откри дека иако вакцинацијата против ковид е од клучно значење за спречување на тешки болести и смрт, дури и целосно вакцинираните поединци го фаќаат вирусот – и го пренесуваат.

Пишувајќи во „Лансет“, истражувачите од голем број институции, вклучувајќи ги Империјалниот колеџ во Лондон и Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство известуваат како анализирале податоци од 204 контакти во домаќинствата на 138 луѓе заразени со варијантата Делта.

Од овие контакти, кои биле забележани во рок од пет дена откако членот на нивното домаќинство покажал симптоми и биле тестирани секојдневно 14 дена, 53 се заразиле, од кои 31 биле целосно вакцинирани, а 15 биле невакцинирани.

Резултатите сугерираат дека дури и оние кои се целосно вакцинирани имаат значителен ризик да се заразат, а анализата открива дека целосно вакцинираниот контакт има 25% шанса да го фати вирусот од заразен член на домаќинството, додека невакцинираниот контакт има 38% шанси да се зарази. .

Сепак, бројките не фрлаат светлина на тежината на болеста, додека тимот предупредува дека овие бројки спаѓаат во опсег на можни вредности, што значи дека точната големина на разликата е нејасна.

Анализата понатаму сугерира дека без оглед дали заразениот поединец и самиот е целосно вакциниран или невакциниран, има мала или никаква разлика во тоа колку тие се заразни за контактите во домаќинството.

Вакцинацијата, вклучително и бустерите, беше важна, но невакцинираните луѓе не можат да се потпрат на имунитетот на оние кои примиле две дози за заштита.