И Боливуд престана да снима заради коронавирусот


Индија– Боливуд, втората по големина филмска индустрија-по холивудската, престана да снима. Напуштени филмски сетови, затворени кина и ѕвезди кои седат по дома е сликата на филмска Индија и Мумбаи и Њу Делхи како центри на боливудските приказни кои се гледаат во еден здив ширум светот.

Ѕвездите одеднаш во филмската пауза на социјалните мрежи снимаат видеа што прават дома. Некои готват, некои мијат садови, а некои учат нови вештини.

Актерката Депика Падуконе изјави дека се смета себеси за „среќна“ затоа што требаше да лета за Шри Ланка за да започне да го снима својот нов филм, неколку дена пред да започнат строгите мерки против короната во Индија.

„Најдобро е што не го напуштивме Мумбаи. Не бевме заробени на друго место. Јас знам многу луѓе кои буквално неколку дена беа во страв како ќе стигнат дома, изјави таа во неодамнешно интервју.

Некои актери го користат својот придонес на социјални медиуми за да ги едуцираат своите следбеници за физичкото дистанцирање. Картик Аријан објави видео каде ја расипува сцената од неговиот филм, Пјар Ка Панчнама. Тој го измени дијалогот за да им порача на фановите  да останат дома. Прегледано е повеќе од 10 милиони пати на Инстаграм.

Акшај Кумар и Анушка Шарма донираа пари на националниот фонд на премиерот Нарендра Моди за милиони работници со дневна плата кои останаа без работа поради корона-кризата .

Но, со оглед на шпекулациите дека кризата ќе потрае, продуцентитее веќе очекуваат големи промени во начинот на кој ќе работи Боливуд.

Режисерот Каран Јохар требаше да започне со снимање на неговиот следен филм „Тахт“ – голема епска драма – овој април. Неговиот тим веќе започна со изградба на сетови во Европа, но сега  не е сигурен за иднината: „Имавме палата во Фиренца во каде снимавме, а снимавме и  во Шпанија кај Алхамбра. Веќе две години. “.

Како еден од најмоќните продуценти во Индија, тој има два филма подготвени за премиера и седум други во продукција.

Но, боливудските ѕвезди  и режисерите во Боливуд се исто така свесни дека нивните проблеми се минимални во однос на она со кое се соочуваат сиромашните.

-Се надеваме дека нашите фанови ќе ги почитуваат мерките за заштита од ширење на заразата и ќе најдат моменти кои животот ќе им го направат попозитивен, велат тие.