И белгиските студенти протестираат поради зголемените трошоци за образованието


Стотици студенти протестираат во белгискиот град Лиеж. Локалните медиуми објавија дека изминатите денови се уапсени 107 лица поради уништување на имот и подметнување на пожари.

Студентите протестираат против белгискиот образовен систем на француски јазик, се поголемите трошоци за образование, пренатрупаните училници и ограничениот пристап до наставните материјали.

Полицијата денеска ги претресуваше студентите дали носат оружје.

Демонстрантите носат транспаренти „Ситуацијата е хаотична, се бориме за права!“ и „Избрав образование, а на Игри на гладот!“

Немирите уследија по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел во јуни, предизвикани од реформите во образованието кои вклучуваат зголемување на школарината за повеќето студенти во белгиската заедница од француското говорно подрачје, од 835 на 1.194 евра.