И басистот на „Рибја чорба“ на респиратор, води тешка битка со коронавирусот


Басистот на рок групата „Рибја чорба“, Миша Алексиќ е исто така заразен со коронавирусот и од 13 ноември се лекува во ЦБЦ „Бежанијска коса“. Тој е веќе неколку дена ставен на респиратор и во моментов води тешка битка на „живот и смрт“ со Ковид 19.

По тој повод се огласи неговиот колега и пријател, некогашниот  член на првата постава на „Чорба“, Момчило Бајагиќ – Бајага, кој му посака што побрзо да закрепне и ми испрати зборови на поддршка.

Држи се, куме, стар мајсторе. Досега успешно си поминал многу работи, па затоа сум сигурен и верувам дека ќе го победиш и ова зло. Веднаш штом ќе се опоравиш, те чекаме на пробата на Таш. Знаеш дека има некои работи што не вреди без тебе да се свират. Бајага и тимот те сакаат! “ – напиша на официјалната Фејсбук страница Бајага.