И Ахмети на гости кај Заев: Остани, не давај оставка

Премиерот Зоран Заев цел ден се консултира со своите најблиски пријатели дали да си замине од владата по неуспехот во Брисел да добиеме старт на преговорите за членство во Европската унија.

Во кабинетот на „Илинденска“, се менуваат соработниците на Заев, а меѓу последните пристигнал и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој, наводно, му дал поддршка да остане на челното место во владата.