Хуманитарниот бал на ружите во Монако без Шарлин и Стефани

Домаќинка на годинешниот Бал на ружите беше постарата сестра на Алберт, принцезата Каролина, која го избра Боливуд како тема


Монако- Добротворниот бал на ружите во Монако, кој во 1954 година го започна принцезата Грејс од Монако, а домаќини традиционално се членовите на кнежевското семејство, оваа година се одржа без принцезата Шарлин. Таа не беше ни минатата година поради здравствени проблеми, а ова отсуство само ги подгреа гласините дека брачната среќа на принцот Алберт и поранешната јужноафриканска пливачка е завршена.

Домаќинка на годинешниот Бал на ружите беше постарата сестра на Алберт, принцезата Каролина, која го избра Боливуд како тема. Ова беше инспирација за украсувањето на салата и сите детали, кои му беа доверени на еден од најдобрите светски чевлари, Кристијан Лубутан, пријателот на Каролина, кој според неговото сведочење била неговиот прв познат клиент.

Децата на Каролина: Пјер Казираги со сопругата, принцезата Шарлот и Андреа Казираги со сопругата

Дамите носеа прекрасни фустани во согласност со дадената тема. Домаќинката и нејзината ќерка Шарлот Казираги избраа креации од модната куќа Шанел, една од снаите на Каролина Татјана Санто Доминго Казираги носеше фустан од Кристијан Диор, а другата снаа Беатрис Боромео Казираги, избра блескава креација од британската дизајнерка Џени Пакам, чии дизајни често ги избира Кејт Мидлтон.

Кристијан Лубутан со пејачот Мика

Дури ни принцезата Стефани од Монако, најмладата ќерка на принцот Рение III од Монако, оваа година не дојде на балот, за која гламурозните забави, дури и семејните, речиси никогаш не се опција. Но затоа дојдоа многу познати гости од сите сфери кои уживаа во различни деликатеси како Џенет Џексон и Ширли Бејзи, а целиот приход отиде во фондацијата Грејс Кели.

Лубутан со Џенет Џексон
Дејм Ширли Бејзи