Хрватски научник: Имаме два вируса ковид, тој вториот убива


 

Бројот новозаразени со корона вируст во Хрватска од ден во ден урива рекорди. Но, членовите на владиниот научен тим сметаат дека тоа не е така лошо.

Гордан Лауц вели дека треба да се имаат предвид две работи – една е што колку повеќе луѓе заболат, толку повеќе ќе имаат имунитет, а втора е што вирусот летно време е полесен, па подобро е сега да се добие. „Овој вирус брзо се шири и ќе бидат заразени многу луѓе“, рече Лауц гостувајќи во емисија на државната телевизија ХРТ.

Зборувајќи за два корона вируси, рече дека го загрижува зимата.

„Ние немаме многу заболени, мал број луѓе се на респиратор. Во овој момент оние кои умираат се многу тешко болни, имаме луѓе кои страдаат од ковид. Но, ми се чини дека во зима не е така. Вирусот во лето е нешто поблаг. Европа сега има случаи, но не и луѓе во болница и луѓето не умираат како тогаш“, рече Лауц.

Појасни дека се покажало оти постојат два ковид вируси – во лето и во зима.

„Во лето е поблаг и многу луѓе имаат благи симптоми. Во зима е многу гаден, убива и ги напаѓа белите дробови. Не можеме да го поситоветиме со овој сега. Нам, кон крајот на 10 месец ни се враќа потешкиот облик и не треба да го игнорираме тоа. Не може да чекаме да дојде тешкиот облик и тогаш да се однесуваме одговорно“, предупреди Лауц, пренесе Index.hr.