Хрватскиот остров Угљан ја слави победата на Бориќ во Чиле

Прадедото на Габриел Бориќ заминал од островот Угљан во Јужна Америка пред 124 години заедно со својата сопруга и еден од браќата


Марија и Славко Бориќ, роднини на новиот чилеански претседател Габриел Бориќ

 

„ Сите сме многу среќни! Сега е време да го испрати оној претседателски авион по мене што и вети кога дојде на Угљан“ – се смее Зденка Бориќ, братучетка на Габриел Бориќ, кој во неделата стана нов претседател на Чиле.

Новинарите на порталот Задарски.хр ја пронашле Зденка ја пронашле дома во Угљан (остров спроти Задар), а големата вест од Чиле, поради временската разлика, ја добила во текот на ноќта.

„На мојот мобилен телефон пристигнаа најмалку пет пораки. Таму се слави, ќе славиме и ние“, вели таа.

Прославата треба да се случи до крајот на оваа или следната недела, кога братучедот Домагој Комбура и нејзиното семејство ќе бидат ослободени од сите обврски.

„Домагој уште ноќеска на својот профил објави: ‘Роѓо победи!’“, вели Зденка, која ја пробдеала цела ноќ.

„Мајка ми ме замоли да ја разбудам и да ги следиме резултатите на телевизија. Сите бевме на нозе, сепак не може баш секој ден некој од вашето семејство да постигна такво нешто“, зборува таа.

Кога новинарите на порталот Задарски.хр во септември ги посетија Бориќи на Угљан, Зденка не ни помислуваше дека нејзиниот млад родина од трето колено ќе победи.

„Прогнозите беа во корист на другите кандидати и во првиот круг од изборите Габриел загуби. Анкетите беа изедначени, на крајот немаше голема разлика со која победи во вториот круг. Гласовите беа поделени и во чилеанската амбасада во Загреб, па сите сме пријатно изненадени овде на островот“, вели Зденка, чиј прадедо Мате е брат на прадедото на Габриел, Иво.

Мате остана во Угљан со двајца браќа и сестрата, а Иве замина во Јужна Америка пред 124 години со сопругата Божица Црношија, исто така од Угљан, и брат му Шимо. Останатото, велат, е историја, а сега ја пишува неговиот правнук Габриел, најмладиот претседател на Чиле во историјата на земјата од неделата.