Хрватскиот министер за здравство е заразен со коронавирусот

Хрватска – Хрватскиот министер за здравство Вили Берош е заразен со коронавирусот, потврди утрово Министерството за здравство откако тој не се појави на денешната владина седница.

– Со појавата на симптомите на болеста, министерот Вили Берош се тестираше за присуство на коронавирусот и утрово ги доби резултатите од тестот дека е позитивен. Здравствената состојба на министерот е стабилна со лесна клиничка слика и продолжува да ги извршува своите должности изолирано, придржувајќи се кон сите мерки на епидемиолозите, се наведува во соопштението на хрватското Министерството за здравство.

Телевизијата Н1 неофицијално дознава дека постои сомнеж оти Берош се заразил минатата сабота за време на посетата на Вараждинската жупанија.

Берош се тестираше и минатата недела откако имаше респираторни синдроми, но тестот беше негативен.