Хрватскиот крал на осигурувањето нуди да го плати превозот на босанските ученици – ќе се најде ли таков кај нас?


Поминаа речиси два месеца од почетокот на школската година, а стотици ученици од Општина Долнени уште се без бесплатниот школски автобуски превоз до прилепските средни училишта, пишува СДК.

Дневниот повратен билет од Долнени до Прилеп изнесува 200 денари, па оние ученици кои одлучиле на свој трошок да патуваат неделно ги чини по 1.000 денари.

 

Општина Прилеп има обврска да го организира превозот бидејќи училиштата се на нејзина територија. Но, поради жалбени постапки при изборот на превозник, ни досегашниот ниту новоизбраниот градоначалник не можат да го решат проблемот со превозот. 

Вакви проблеми, речиси пред почетокот на учебната година има во повеќе општини во македонија, како Битола, Велес и други.

Еве како проблемот се решава во Босна и херцеговина, каде ученици од градот Столац останаа дома затоа што немаа превоз. имено, шефот на „Аграм осигурување“, Дубравко Гргиќ, издвои пари за да плати превоз до училиште за бошњачките деца од Столац. Со тоа, тој го реши проблемот што го создаде градоначалникот на Столац, кој одби да ја потпише наредбата до понатамошно известување

Еден од најбогатите Хрвати и сопственик на осигурувањето „Аграм“, Дубравко Гргиќ, одлучи да го реши проблемот за кој слушна на телевизија. Имено, бошњачките деца од Столац не можеа да одат на училиште затоа што градоначалникот, Стјепан Бошковиќ, го откажа превозот.

„Аграм е подготвен да плати сè. Не можам да слушам и да гледам како се случува ова. Овој срам во Херцеговина е неподнослив и неприфатлив. Испратете ја фактурата, плаќањето ќе се изврши веднаш“, рече Гргиќ во изјава за Politički.ba.

Потоа, министерот за бегалци и раселени лица на ФБиХ, Нермин Диздар, и министерот за транспорт на Сараевскиот кантон, Аднан Штета, се согласија автобусите на Градскиот совет на Сараево привремено да ги превезуваат бошњачките деца до училиштето во Столац.