„Хрватски неделник“ го прогласи папата Франциск за антихрист


Десничарскиот весник „Хрватски неделник“, кој веќе неколкупати досега има објавувано текстови во кои има говор на омраза, на најновата насловна страница го стави папата Франциск со наслов: „Антихристот – pontifex maximus“.

Со сигурност може да се каже дека причината за ваква скандалозна насловна страница е изјавата на Папата во која тој им вели на новинарите дека има некои историски нејаснотии поврзани со прогласувањето на Алојзија Степинац за светец.

Весникот на насловната страница објави фотографија на папата, на која изгледа дека тој намигнува, а над главата пишува „Антихристот – pontifex maximus“. Покрај тоа, неделникот додава: Степинац ќе биде светец, а за светец ќе го прогласи оној папа кој ја заслужува неговата светост“.

Под папата е поставен цитат од монсињор Мило Боговиќ кој вели дека нападот на папата Франциск врз Хрватите е како српска бомба и дека тој не треба да биде повикан во Хрватска.