Хрватската естрада на погребот на Рајко Дујмиќ: Сите се тука. А сега кога знаеш дека те сакаат, патувај
Хрватска– Денес во Крематориумот во Загреб, отворен за јавноста, беше погребан еден од најголемите композитори и хитмејкери во регионот, Рајко Дујмиќ (66) кој почина како последица на тешка сообраќајна несреќа за време на одморот во Србија. Беше кремиран, а по желба на семејството неговите органи беа донирани.
Цела хрватска естрада и претставници од политиката се простија денес од Дујмиќ. Првиот говор го одржа Ненад Нинчевиќ, близок пријател на композиторот.
Славниот хрватски кантавтор, беше фронтмен на ултрапопуларната група „Нови фосили“ иако кум на името на групата беше Арсен Дедиќ.
Како член на групата „Нови фосили“ во 1987 година ја напишал песната „Ja sam za ples“ и во Брисел го освоија високото четврто место.
Ја напишал и музиката за песната „Rock Me“, која во 1989 година ја освои публиката во Лозана, а со оваа песна за првпат во историјата на Евровизија- Југославија беше победничка на Евросонг.
Šuti, moj dječače plavi, Ti si moja kiša blaga, Najdraže Moje, Plava košulja, Saša, Tonka, Ključ ispod otirača, Milena i др., се се тоа авторски дела на Дујмиќ кој на бендот му даде препознатлив звук и му осигураа бројни платинасти и дијамантски тиражи. (Глорија.хр, Индекс.хр)