Хрватска знае кој го испалил дронот што падна на Загреб


Министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ потврди дека хрватските власти знаат кој го испалил дронот кој пред осум и пол месеци падна на Загреб.

„Членките на НАТО преку кои дронот прелетал, тој податок го означиле како тајна, а тоа го направи и хрватската Влада“, одговори министето за одбрана на прашање на пратеник.

Пратеникот притоа нагласи дека за помалку од 24 часа од падот на ракетите на Полска било познато кој ги испалил и од каде стигнале, а до денеска не се знае точко кој го испалил дронот кој речиси падна во центарот на Загреб.

Баножиќ призна дека во Владата добро знае кој и од каде го пратил дронот, но дека на тој податок е ставена ознака за тајност.