Хрватска загрижува, денеска има 542 новозаболени, најмногу досега


Во последните 24 часа забележани се 542 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни случаи се зголеми на 2.206.

Меѓу нив 361 пациенти се лекуваат во болница, а 27 се на респиратор. Почина едно лице.

Од почетокот на пандемијата досега забележани се 18.989 заразени, од кои 310 починаа, а оздравеа 16.473 лица, од кои 165 во последните 24 часа.

Во самоизолација во моментот се 10.908 лица, а до денесак тестирани се 344.533 лица, а од нив 5.939 во последните 24 часа.