Хрватска забележа 162 нови случаи со корона вирус


 

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека денеска регистрирале нови 162 случаи со корона вирус, а со тоа активните случаи се искачија над 1.000

„Во изминатите 24 часа забележани се 162 нови случаи на зараза со корона вирус, па моменталниот број на активни случаи во Хрватска е 1.062. Меѓу нив се 106 пациенти на болничко лекување, од кои 10 се на респиратор“, објави Националниот штаб.

Денеска се регистрирани и два смртни случаи, со што вкупниот број починати од последиците од корона вирусот се искачи на 165.

Од февруари, кога беше забележан првиот случај со корона вирус во Хрватска, до денеска вкупно се забалежани 6.420 лица заболени од Ковид-19, од нив починаа 165, а 5.193 оздравеа. Во самоизолација се 3.702 лица. До денеска тестирани се 136.280 примероци, од кои 1.538 во последните 24 часа.