Хрватска: Во 2020 извозот се намали за 1,4 отсто , а увозот за 7,5


Хрватска минатата година извезла стока во вредност од 111,35 милијарди куни, што е за 1,4 проценти помалку отколку во 2019 година, додека увезла стока во вредност од 171,3 милијарди куни или 7,5 проценти помалку, според првите податоци на Централното биро за статистика.
Бидејќи увозот падна со повисока стапка од извозот, дефицитот во надворешната трговија минатата година се намали за 17,1 процент во споредба со 2019 година, на 59,9 милијарди куни. Покриеноста на увозот со извоз, според првичните податоци, лани била 65 проценти.

Во 2020 година, стоки во вредност од 77,4 милијарди куни или 0,4 проценти повеќе отколку во претходната година беа извезени во земјите-членки на ЕУ. Во исто време, извозот во земјите што не се членки на ЕУ падна за 5,1 процент на 33,9 милијарди куни. Вредноста на стоките увезени од членки на ЕУ минатата година падна за 7,9 проценти, на 137,3 милијарди куни. Во исто време, вредноста на увозот од други земји падна за шест проценти, на 34 милијарди куни.

Изразено во евра, извозот на хрватска стока во 2020 година изнесува 14,8 милијарди евра, што претставува годишен пад од 2,9 проценти, додека увозот падна за 8,1 процент на 22,75 милијарди евра. Надворешно-трговскиот дефицит изнесуваше 7,96 милијарди евра.

Минатата година биле извезени стоки во вредност од 10,3 милијарди евра во земјите-членки на ЕУ, или 1,1 процент помалку отколку во 2019 година. Во исто време, извозот во земји што не се членки на ЕУ падна за 6,6 проценти на 4,5 милијарди евра.

Вредноста на стоките увезени од земјите-членки на ЕУ минатата година падна за 9,3 проценти, на 18,2 милијарди евра, во споредба со претходната година, а вредноста на увозот во Хрватска од земји што не се членки на ЕУ падна за 7,5 проценти, на 4,5 милијарди евра.