Хрватска урива рекорди, денеска 2.421 новозаболени


 

Во Хрватска денеска се забележани најмногу новозаболени во еден ден, дури 2.421.

Починаа осум пациенти.

Со најновата бројка, активните случаи се зголемија на 11.144.

Од нив 825 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 58.

Од почетокот на епидемијата до денеска во Хрватска се регистрирани 36.380 заболени со корона вирус, од кои 437 починаа, а оздравеа 24.799, од кои 1.014 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 28.177 лица.

До денеска тестирани се 445.568 лица, а од нив 8.520 во последното деноноќие.