Хрватска стигна до 255 новозаболени за еден ден


Нов рекорд на новозаболени забележа денеска Хрватскка, со 255 позитивни на корона вирус, а во моментот се активни 1.689.

На болничко лекување се 127 пациенти, а од нив 13 на респиратор.

Во самоизлоација се 5.929 лица, а до денеска се тестирани 144.521 од кои 2.397 во последните 24 часа.

Од февруари наваму во Хрватска се регистрирани 7.329 заразени лица, а починаа 168, додека 5.472 оздравеа.