Хрватска стабилно: Секој ден по 50-тина нови случаи


 

Во изминатоте 24 часа во Хрватска се забележани нови 52 случаи со Ковид-19, а во моментот има 1.183 активни случаи.

Меѓу нив има 129 пациенти на болничко лекување, од кои пет на респиратор.

Почина еден пациент.

Од почетокот на епиденијата до денеска во Хрватска се заразени 3.827, од кои 120 починаа, а 2.558 одравеа.

Во самоизолација се 4.930 лица

Вкупно се тестирани 95.920 лица, од кои 1.745 во последните 24 часа.