Хрватска со нови 98 заразени од Ковид-19


 

Во Хрватска потврдени се нови 98 случаи на зараза со корона вирус, па во овој момент бројот на активни случаи изнесува 1.192, јави националниот штаб.

Од почетокот на епидемијата вкупниот број заболени е 4.137, од кои досега оздравеа 2.825, што е 68,3 отсто.

Вкупно се тестирани 100.851 примероци, а во 24 часа 1.437.

Во болница се 137 пациенти, од кои седуммина на респиратор. Нема починати па вкупниот број се уште е 120.