Хрватска со нови 312 заразени со корона вирус, починаа тројца


 

Националниот штаб за цивилна заштитна на Хрватска објави дека денеска има нови 312 заболени од Ковид-19, а тројца пациенти починале.

Во моментот има 2.654 активни случаи, а во самоизолација се 9.148 лица.

„Меѓу нив се и 211 пациенти на болничко лекување од кои 12 на респиратор“, рекоа од штабот.

Од 25 февруари кога беше забележан првиот случај со Ковид-19 во Хрватска до денеска забележани се вкупно 9.861 заразени, од кои 183 починаа, а 7.024 оздравеа

Тестирани се вкупно 165.716 лица од кои 3.415 во последните 24 часа.