Хрватска со нови 223 нови случаи, починаа петмина


Во последните 24 часа забележани се 223 нови случаи со корона вирус и бројот на активни случаи денеска изнесува 1.226. Меѓу нив 273 пациенти се на болничко лекување, а од нив 22 на респиратор.

Починаа пет пациенти.

Од почетокот на епидемијата досега се забележани 15.795 случаи со корона вирус, од кои 266 починаа. Оздравеа 14.303 лица, а 192 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 8.898 лица.

До денеска тестирани се 284.449 лица, а од нив 5.414 во последните 24 часа.