Хрватска со нови 2.613 случаи со корона вирус, починаа 65 пациенти


 

Во последните 24 часа забележани се 2.613 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а бројот на активни е 21.685.

Од нив 2.660 пациенти се на болничко лекување, а од нив 278 на репсиратор.

Починаа уште 65 пациенти или вкупно 2.298.

До денеска забележани се 154.852 заразени, а оздравеа 130.869.
Тестирани се вкупно 825.023, од кои 8.782 во последните 24 часа.