Хрватска со нов рекорд – 793 новозаразени денеска

 

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 793 нови случаи на зараза со корона вирус, а починаа 10 пациенти.

Од нив 439 пациенти се на болничко лекување, а 26 на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска забележани се 22.534 заразени, од кои 344 починаа, а оздравеа 18.628.

Тестирани се 379.379 лица, од кои 6.696 во последните 24 часа.

Во Загреб има исто 211 новозаразени, колку што имаше и вчера.