Хрватска: Со автомобил влегол во дневна соба, загина возачот


Синоќа околу 21 часот, во хрватска Нова Градишка, се случила несекојдневна сообраќајка, во која загина 40-годишен возач .

Полициските службеници во увидот утврдиле дека возачот поради неприлагодена брзина, поминал покрај знак „стоп-задолжително застанување“, а потоа преку крстосницата се забил во ѕид на семејна куќа, пренесе Индекс. Поради брзината, тој го урнал ѕидот и со автомобилот влегол во собата. За среќа во куќата немало никој. Но, возачот починал во несреќата.