Хрватска со 92 новозаболени од корона вирус


Во Хрватска во последните 24 часа потврдени се нови 92 случаи од Ковид-19, а во моментот има 1.207 активни случаи, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

На болничко лекување се 153 пациенти, од кои девет на респиратор.

Во последните 24 часа нема починати од Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска заразени се 4.345, од кои 120 починаа, а 3.018 оздравеа.

Во самоизолација во моментот се 4.312 лица.

До денеска вкупно се тестирани 103.104 лица, од кои 915 во последните 24 часа.