Хрватска со 258 нови случаи на зараза, починаа петмина
Во последните 24 часа забележани се 258 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни случаи денеска изнесува 1.512.
Меѓу нив 296 пациенти се лекуваат во болница, а 25 се на респиратор.
Починаа пет пациенти.
Досега во Хрватска се забележани 17.659 заразени, од кои 298 починаа. Вкупно оздравеа 15.849 лица, а 188 во последните 24 часа.
Во самоизолација се 9.081 лица.
Тестирани се 326.159 лица, од кои 4.608 во последните 24 часа.
Директорот Крунослав Цапак рече дека се подготвува задолжително носење маски во затворено.