Хрватска со 234 новозаразени, починаа шест пациенти


 

Националниот штаб на Хвратска ги објави новите податоци за корона вирусот во земјата, па во последните 24 часа забележани се 234 нови случаи од 6.137 тестирани, додека почина шест пациенти.

Активни се 2.100 случаи, од кои 280 пациенти се на болничко лекување, меѓу кои 21 на респиратор.

Вкупно се забележани 14.513 заразени, а починааz 244 пациенти. Оздравеа 12.169 лица. Дoсега тестирани се 249.023.