Хрватска со 225 новозаразени од корона вирус


 

Во последните 24 часа забележани се 225 нови случаи на зараза со корона вирус, па бројот на активни случаи денеска изнесува 2.758.

Меѓу нив 296 пациенти се во болница, а на респиратор 21 пациент.

Почина еден пациент, а вкупно досега починаа 198 луѓе.

 

До денеска во Хрватска се забележани 11.964 лица заразени со вирусот, а оздравеа 9.008.

Тестирани се вкупно 191.360 лица, од кои 3.509 во последните 24 часа.