Хрватска со 135 новозаразени, тројца починаа


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 135 нови случаи на зараза со корона вирус, со што бројот на активни случаи изнесува 1.158.

Во истиот период починале тројца пациенти. на лекување во болница се 274 пациенти, од кои 26 на респиратор.

Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска заболеле 16.380 луѓе од Ковид-19, а 275 починале.

Оздравеле 14.947 лица, од кои 154 во последното деноноќие. Во самоизолација се 8.744 лица. До денеска тестирани се 300.492 примероци, а 4.494 во последните 24 часа.