Хрватска со 116 нови случаи, ситуацијата загрижувачка

Националниот штаб ги објави новите податоци за состојбата со корона вирусот во Хрватска, а тие покаќуваат дека бројот на новозаболени се искачи над 100.
Имено, во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 116 случаи со Ковир-19, па вкупниот број заболени изнесува 1.204.
Меѓу нив 139 пациенти се на болничко лекување, од кои осум на респиратори. Нема починати.
Од февруари наваму во Хрватска се регистрирани 4.253 случаи со корона вирус, од кои 120 починаа, а 2.929 оздравеа. Во самоизолација има 4.507 лица, а вкупно се тестирани 102.189, од кои 1.338 во последните 24 часа.
Вчера имаше 98 новозаболени.