Хрватска: Словенци поставиле знаме на СФРЈ на Велебит


 

Туристи од Словенија за Празникот на трудот 1 Мај ја посетиле хрватската планина Велебит, а внимание привлекоа со поставување на знамето на поранешна СФРЈ.

Како што пишува Антена Задар, тие на највисокиот врв на велебит го развиле знамето на поранешна Југославија.

Знамето брзо било отстрането, по интервенцијата на пратеник на Независни за Хрватска, Елвис Госпиќ, кој се нашол во близина, пренесе Вечерњи лист.

„Сите гости на нашата земја и на нашата жупанија како и градот Задар треба да покажат почитување и достоинство имајќи на ум кои стравотии овој народ ги помина под истата таа петокрака“, претседателот на задарскиот огранок на НРХ, Мате Лукиќ.

https://www.facebook.com/AntenaZadar/posts/2613438808686113