Хрватска само 48 новозаразени


 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 48 новозаболени со корона вирус, а тестирани биле 3.029 примероци.

Активни се 1.180, од кои 291 пациент на болничко лекување со 24 пациенти на респиратор.

Нема починати.

Од февруари кога беше забележа првиот случај со корона вирус во Хрватска, до денеска вкупно се забележани 16.245 заразени, од кои 272 починаа. Оздравеа 14.793 лица, од кои 184 во послените 24 часа.

Во самоизолација се 9.057 лица.

До денеска вкупно се тестирани 295.998 лица.