Хрватска реди рекорди – денеска 208 новозаболени


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани рекордни 208 новозаболени со корона вирус.

Бројот на активни се искачи на 961, од кои 116 на болничко лекување и 10 на респиратор. Починаа двајца пациенти.

Од почетокот на епидемијата бројот на заразени изнесува 6.258, со 163 починати. Во последните 24 часа биле тестирани 1.249.