Хрватска прв полуфиналист на ракометниот Мундијал


Загреб – Репрезентацијата на Хрватска избори полуфинале на Светското ракометно првенство, откако вечерва во Загреб ја совлада Унгарија со 31:30.

Унгарците не успеаја да се радуваат на крајот и покрај водството со четири голови (29:25) на пет минути пред крајот. 

Главаш со шест и Шипиќ со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот состав. Кај Унгарците, воедно и на натпреварот најефикасен беше Илиќ осум гола.

Хрватска по седми пат се пласира помеѓу четирите најдобри репрезентациите на светот.

Во второто четвртфинале вечерва од 21 часот се среќаваат Франција и Египет.