Хрватска пријави нови 49 случаи со корона вирус


 

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска во вторник објави дека потврдени се нови 49 случаи со корона вирус, а во моментот во земјата има 1.116 заболени, додека почина едно лице.

На болничко лекување се 138 пациенти, а од нив девет на респиратор.

Вкупно починати од почетокот на епидемијата се 123.

Вкупно заболени се 4.422 лица, во самоизолација 3.937, а вкупно се тестирани 105.526 лица.