Хрватска пријави малку заразени, но има 65 починати од Ковид-19, утре почнува вакцинацијата

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 350 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 11.644.
Меѓу нив 2.664 пациенти се на болничко лекување, а 271 пациент на респиратор.
Починаа 65 пациенти,или вкупно 3.613.
Досега се забележани 204.312 заразени со корона вирусот, а оздравеа 189.055 лица.
Тестирани се 990.665 лица, а 1.651 во последните 24 часа.
Утрово во 6 часот во Хрватска стигнаа првите 9.750 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“.
Во недела наутро првиот човек во Хрватска ќе ја прими вакцината. Од Домот за стари и изнемоштени во Загреб чекаат потврда дека тоа ќе биде нивни штитеник. Во Дубровник први ќе се вакцинираат здравствените работници. Во Шибеник пристигнуваат 155 дози од вакцината, и така понатаму во сите жупании и градови.